Поради 24 часовен штрајк, денеска се закотвени во пристаништата сите грчки бродови на Поморската федерација на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, причината за штрајкот кој постои опасност да продолжи и во следните денови се колективните договори за екипажите на бродовите.

Од федерацијата бараат зголемување за пет отсто на колективните договори, додека, пак, од компаниите предложиле зголемување за еден отсто сега и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто што не било прифатено од Поморската федерација на Грција.