Германската автомобилска компанија „Ауди“ беше принудена да го запре производството во своето седиште во Инголштат во Германија, поради штрајк на вработените во Унгарија, изјави портпаролот на компанијата.

Производството во Инголштат е запрено бидејќи фабриката на „Ауди“ во унгарскиот град Ѓер престана да испорачува мотори, јави агенцијата Ројтерс.

Синдикатот бара зголемување на платата за најмалку 18 отсто.