Штетите врз германското земјоделство предизвикани од сушата и жешкото време изнесуваат „неколку милијарди евра“, изјави претседателот Здружението на земјоделците на Германија, Јоаким Рукид.

Според него, само кај житните култури предизвикана е штета од 1,4 милијарди евра.

Тој побара од Владата да подготви итни мерки за помош на земјоделците кои претрпеа штети од сушата.

– Штетата е огромна. Земјоделството не може да ја надмине и затоа политиката мора да даде поддршка – истакна Рукид.