Несогласувањето на ЕУ со САД за прашањето за царините врз челик и алуминиум на средбата на Г-7 ќе ја засили политичката волја на државите членки за забрзуавње на реформите во сојузот, изјави германскиот минстер за финансии Олаф Шолц.

– Имаше неколку проблеми дискутирани на средбата на Г-7 за кои немаше договор. Тоа е навистина невообичаено во историјата на Г-7- изјави тој по средба на министрите за финансии на групата седум најразвиени економии.

Освен за царините државите од ЕУ изразиле несогласување пред САД за последиците од новите американски санкции спрема Иран за европските компании кои сакаат да тргуваат со двете страни.

Шолц додаде дека треба да се искористи секоја можност да се реши спорот за царините меѓу ЕУ и САД вклучително и средбата на лидерите  од Г-7 следнаа недела во Квебек на која се очекува да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.