Евроатланската агенда на Македонија, економскиот раст, унапредување на животната средина се дел од темите за кои вчера во Мадрид говорел министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ во неговото обраќање на панелот „Градење на агенда за одржлив раст“ на конгресот АЛДЕ со кој председавал министерот за животна средина на Кралството Норвешка Ола Елвестуен.

Како што соопштија од Кабинетот на министрот, Шапуриќ ги истакнал напорите на Владата на Република Македонија за забрзување на евроатланската агенда како и дека економски раст мора да е компатибилен со заштита и унапредување на животната средина. Шапуриќ нагласил дека оджлив развој предвидува дневно делување, но и преземање на мерки на среден и долг рок. Еколошките проблеми како што е отпадот, со упорно и перманентно делување ќе доведат до нивно трансформирање во економски бенефити.