Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка, информираат дека согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот ковид-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар ќе го продолжи рокот за поднесување на годишна сметка до 24.03.2020 година.

До моментов, во Централен регистар поднесени се вкупно 79.903 пресметки, додека минатата година бројката во истиот период, изнесуваше 77.496 пресметки.

Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.03.2019 година изнесуваше 88.000.

– Иако 95% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција, секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности – се вели во соопштението.