Цените на нафтата денеска го надминаа нивото од 74 американски долари на меѓународните берзи, поттикнати од неочекуваниот пад на резервите во САД и загриженоста околу снабдувањето во очекување на намалувањето на иранскиот извоз.

Цената на барел нафта на лондонската берза порасна 1,52 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 74,15 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе 1,38 долари и се продаваше по цена од 67,22 долари.