Фото: Игор Бансколиев

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 како и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.1.2021 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е В) се намалува за 0,5 денар/литар и ќе изнесува 52 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 61 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 63 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е В) 52 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,268 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099%, дизелот има намалување за 1,215%, екстра лесното масло исто така има намалување од 1,321 %, додека кај мазутот има зголемување од 1,124% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,740%.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.