На европските берзи од утрово цените на акциите се намалени на најниско ниво во изминатите 22 месеца.

Причини за тоа се вчерашнито пад на индексите на Волстрит, тензиите меѓу ЕК и Италија за буџетот како и политички тензии во врска со Саудиска Арабија.

Индексот СТОXX 600 во 9.45 беше во минус од 1,1 отсто, и тоа ен негово најниско ниво во изминатите 22 месеца. Лондонскиот ФТСЕ ослабна 0,75 отсто, на 6,997 бодови додека франкфуртскиот ДАX „падна“ 1,35 отсто на 11.365 бодови.

Инвеститорите беа обесхрабрени по вчерашнито пад на цените на акциите на Волстрит додека се чекаат кварталните извештаи за дел од најголемите американски компании.