Фото: Илустрација/ Маја Јаневска-Илиева

Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), телото што ги претставува светските авиокомпании, беше против воведувањето празно средно седиште поради штетата што може да ја нанесе летањето со капацитет од две третини по профитабилноста на авиокомпаниите.

Наместо тоа, ИАТА предложи носење заштитна опрема за патниците и маски за екипажот како поефикасна мерка за патувањето да биде безбедно за сите.
Покрај апелот за заеднички стандарди, некои нации воведуваат нивни правила само за регистрираните авиопревозници во нивната држава додека други ги воведуваат за странските, како што пренесува „Ројтерс“.

Во САД не постојат мерки наметнати од Владата, иако сите главни американски авиопревозници бараат носење заштитна опрема, а неколку го ограничија бројот на продадени седишта или забрана за средното седиште.
Во Европа, авиокомпаниите во голема мера се противат на забраната за средното седиште, но претставија други промени во насока на безбедноста на патниците. Б.З.