Фото: Маја Јаневска-Илиева

Цената на нафтата на светските пазари се зголеми за околу шест отсто минатата недела.

Тоа е резултат на нападот со беспилотни летала врз најголемата нафтена постројка на Саудиска Арабија, при што производството беше намалено за повеќе од 5 милиони барели на ден, или пет проценти од глобалното производство.

На лондонскиот пазар цената на барел се зголеми за 6,7 проценти минатата недела на 64,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,9 проценти на 58,10 долари. Тоа е најголем неделен скок на цените од јануари годинава.