Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска истакна дека се разгледуваат правните можности за санкционирање на фирмите кои ја злоупотребија државната помош.

Царовска порача овие фирми итно да им ги исплатат парите на работниците, бидејќи треба да се покаже одговорност од нивна страна. Ова е голем пропуст, вели Царовска, и секако дека санкционирање на фирмите ќе се случи.

Во моментов Генералниот секретаријат на Владата ги разгледува правните можности, се покренуваат сите елементи коишто се можни и за тоа јавноста наскоро ќе биде известена, информираше Царовска.

Владата вчера објави список од фирми кои што ја злоупотребиле државната помош.

Дел од фирмите под притисок на јавноста почнале да ги исплаќаат платите за работниците, а синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за сите кои ја злоупотребиле помошта од државата.