Глобалниот пазар на таблети годинава ќе регистрира пад во продажбата за 4,3 отсто на годишно ниво, на 145,5 милиони парчиња, прогнозираат аналитичари на „ТрендФорс“, кои тврдат дека главна причина за овие трендови е слабиот интерес за поевтините модели, како и популарноста на уреди, како паметни звучниците.

Според аналитичарите, повеќето производители не успеваат да се справат со ситуацијата и ќе остварат пад во продажбата оваа година.
 
Исклучок од ова ќе биде кинескиот гигант „Хуавеи“, кој очекува да продаде за над 30 отсто повеќе таблети на глобално ниво во однос на 2017-тата.
 
Благодарение на добрите перформанси и над 14 милиони продажби „Хуавеи“ ќе ја завршат годината со пазарен удел од околу 9.8 отсто. Тоа е бојка, која е доволна компанијата да го надмине „Амазон“ и да стане третиот најголем производител на таблети на глобално ниво.
 
Многу веројатно е дека ваквата тенденција ќе проодлжи и „Хуавеи“ ќе стане уште повлијателен во 2019 година.
 
Стратегијата на „Хуавеи“ да се фокусира на нискиот ценовен сегмент и да им понуди на своите корисници атрактивни уреди со пониска цена се покажа доста успешна. Во моментов, компанијата веќе започна со работа на следната генерација на 5Г мрежни уреди кои ќе бидат клучни за нивната стратегија во 2019 година.
 
Според експертите, ако ги задржи добрите перформанси, „Хуавеи“ има целосен потенцијал да стане уште подоминантен фактор на глобалниот пазар на таблети.