Фото: Маја Јаневска-Илиева

АНАЛИЗА ЗА ХРАНЛИВИТЕ СОСТОЈКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Создавањето долготрајни земјоделски продукти со помош на мешање различни сорти и семиња овозможило денешните домати да траат многу подолго отколку некогашните. Сепак, според укажувањата на многу светски експерти, на тој пат на создавање долготрајност, доматите ги изгубиле своите хранливи состојки. Домашните експерти укажуваат дека во Македонија има традиционални семиња што земјоделците сѐ уште ги користат и кои имаат извонреден вкус и многу хранливи состојки


Хранливите вредности во слободен пад

Веќе 50 години научниците низ целиот свет ја унапредуваат хибридизацијата за да го направат доматот отпорен

Kaj дел од хибридните сорти 

Еден од првите разговори е со биохемичар од Тексас, Доналд Дејвис, кој посочува дека намалувањето на хранливите материи станува важен проблем за кој многумина не се свесни. Во Америка, Дејвис го анализирал развојот на 43 вида овошје и зеленчук од 1950 до 1999 година.Францускиот документарен филм насловен „Семето на револт“ на Линда Бендали, чии продуценти се Лук Херман и Пол Мореира, деновиве беше прикажан на хрватската телевизија ХТР и го привлече вниманието на јавноста поради својот осврт кон квалитетот на семињата што се користеле некогаш во земјоделството и какви производи се добивале од истите тие. Во документарецот, кој може да се најде на Јутјуб, се посочува дека низ годините многу од земјоделските продукти ги загубиле витамините и минералите што ги имале во минатото.
– Ја откриваме таблицата со намирници од пред 60 години. Во неа прецизно е наведено количеството витамини и минерали на зеленчукот и овошјето. Па одлучивме да ги споредиме старите статистики со денешните. Доаѓаме до неочекувани податоци. Овошјето и зеленчукот изгубија дел од своите витамини и минерали. Ги проучивме најпопуларните 70 вида овошје и зеленчук и резултатот секаде е ист. Слободен пад. Само за 60 години, 70 вида овошје и зеленчук загубиле во просек 16 отсто калциум, 27 проценти витамин Ц и 48 отсто железо – со овие укажувања започнува документарецот во кој се направени консултации со стручњаци и инволвирани во производството на семиња.

– Мислам дека повеќето од овие намалувања се предизвикани од зголемените приноси. Кога приносот се зголемува, има помалку хранливи материи на еден грам овошје. Многу земјоделски научници не се свесни за сериозноста на состојбата – посочува Дејвис.
Низ документарецот се истакнува дека доматот е пример што изгубил најмногу хранливи материи, при што загубите на калциум се за 26 отсто, а големи се и загубите на витамините. Според нив, за да сфатиме зошто се случува ова, мораме да се вратиме на почеток, пред растението да никне, бидејќи преку семето се одредуваат и хранливите состојки на продуктите. Посочуваат дека одгледувачите на домат го избираат семето од брошура што ја изработуваат индустриски производители. За да привлечат одгледувачи, индустриите ги наведуваат големината на доматот, формата, бојата и продуктивноста. Веќе 50 години научниците низ целиот свет ја унапредуваат хибридизацијата за да го направат доматот отпорен.

Се истакнува дека во 1980-тите години лабораториските домати доминирале на пазарите, но брзото скапување и понатаму било проблем, до моментот кога научниците создале „вечен домат“.
Меѓу другото, креаторите на емисијата одат и во Израел, земја што, според нив, во последните 70 години прави чуда во земјоделството, каде што овошјето и зеленчукот растат во пустина и разговараат со „таткото на модерниот домат“ или на бесмртниот домат, Хаим Рабринович, 79-годишниот професор што и понатаму ги усовршува хибридите на иднината. Тој објаснува како се создаваат нови семиња, како се комбинираат за да се дојде до решението што го посакуваат нарачателите и додава дека пред мутациите рокот на траење на доматите бил три до четири дена, па за да го продолжи животот на доматот морал да ги совлада законите на природата.
Притоа се споредува хибриден плод, кој изгледа беспрекорно, со традиционален домат, кој е со несовршен изглед и дамки.

По три дена двата домата изгледаат пристојно, но по една недела традиционалниот домат не е веќе за продажба поради црните дамки, а по две недели почнува да мувлосува. Додека хибридниот домат е беспрекорен, за две недели не се променил, само дршката се одвои од доматот, а по 25 дена хибридот не е погоден за продажба. Рокот на трајност и отпорност на надворешни влијанија е продолжен од 3 дена на три недели. Исто така се посочува дека изработувачите на семиња што се долготрајни не ги испитуваат квалитетот и составот на доматите, а главна причина е што индустријата не се интересира за составот, туку за подолг транспорт и долготрајност. Но тоа практично значи дека потрошувачите јадат производ без хранливи вредности, но со добар изглед.
Споредбата на хибридниот домат со оној произведен на традиционален начин нуди фрапантни показатели. Резултатите покажуваат дека хибридниот домат е значително инфериорен. Содржи 63 отсто помалку калциум, 29 проценти помалку магнезиум и дури 72 отсто помалку витамин Ц.

Што се однесува до ликопенот и полифенолот, кои се два вида оксиданси и помагаат во борбата против кардиоваскуларните болести, како и против карциномот, хибридниот домат има двојно помалку отколку традиционалниот.
Исто така и вкусот на традиционалните сорти и хибридните се разликува, со нагласок дека традиционалните се многу повкусни отколку новите сорти, наедно истакнувајќи дека традиционалните сорти имаат многу повеќе хранливи состојки и дека истите тие ги губат своите квалитетни нутритивни вредности во процесот на комбинирање семиња, кои целат пред сѐ кон долготрајност. Ова се светски искуства и глобални трендови, но какви се состојбите во Македонија, како традиционално земјоделска земја, чиј домат, но и други земјоделски производи се надалеку познати и признаени и по вкусот и хранливите состојки. Може ли тоа да стане наша конкурентна извозна предност и придобивка или хибридизацијата е закана и за домашното производство.