Холандската банка ИНГ треба да плати 775 милиони евра како дел од спогодбата со обвинителите, кои обвинија дека нејзините финансиски контроли се толку слаби што клиентите лесно можеле да „перат пари“.

Спогодбата, една од најголемите во историјата на холандското обвинителство за финансиски прекршоци, се однесува на периодот од 2010 до 2016 година.

Според спогодбата, 675 милиони евра се дел од казната, а 100 милиони евра е враќање на нелегално стекнатата заработка.

ИНГ е трета европска банка што оваа година се најде на удар за „перење пари“.