Херц Македонија ја освои престижната награда за извонредна услуга на клиентите од „Rentalcars.com“, светскиот лидер за онлајн-изнајмување автомобили.

„Rentalcars.com“ веќе четврта година анализира анкети и коментари за да ги препознае компаниите кои константно нудат врвна услуга и искуство во областа на изнајмување возила.

 – Секој член од тимот на „Херц“, секој работен ден го напушта својот дом со една цел – клиентите да бидат задоволни и безгрижни на своите патувања. Изнајмувањето автомобили им овозможува на нашите клиенти слобода да откриваат и да истражуваат повеќе на своите патувања, како и да создадат спомени што ќе траат целиот живот. Им благодариме на сите наши клиенти за оваа чест. Чувството е прекрасно кога знаеш дека си најдобар во тоа што го работиш. Оваа награда е потврда на древната мудрост: ,Да служиш е да владееш’. Ориентирани кон обезбедување врвна услуга за нашите клиенти, продолжуваме напред – изјави Драган Јаневски, извршен директор на Херц Македонија.

 – Од 2015 година заедно со „Customer Favourite Awards“ успешно ја препознаваме одличната услуга на компаниите, а оваа година видовме како компаниите со кои работиме ги поместија границите во поглед на услугата во оваа област. Победниците постојано ги надминуваат очекувањата на клиентите и треба да се гордеат што се меѓу најдобрите во светот. Изнајмувањето автомобил е едноставно искуство кое само ќе го подобри вашето патување и затоа ние сме благодарни на сите наши партнери кои добија награди за дополнителниот труд што го презедоа за подобрување на услугата и искуството – изјави Џејмс Адамс, главен комерцијален директор на „Rentalcars.com“.

Херц Македонија е лидер на македонскиот пазар за изнајмување возила, како за краткотрајни изнајмувања, така и за изнајмувања на подолг период. Тоа е резултат на интензивната инвестициска програма, висок квалитет на услуги поддржан од добро обучени вработени, одлично одржувани возила како и силното присуство на Херц на светско ниво. Херц Македонија располага со повеќе од 100 нови возила од 10 различни категории. Повеќе информации можат да се најдат интернет-страницата на Херц.