Францускиот милијардер, индустријалец и конзервативен политичар Серж Дасо почина денеска на 93- годишна возраст во Париз, информираа од Дасо групацијата.

Оваа групација ја контролира „Дасо авиасион“ (Dassault Aviation), весникот „Фигаро“, го има мнозинскиот пакет во „Дасо Системс“ и „Талес“, како и помали акции во неколку други француски компании.

„Дасо груп“ е најпозната по борбените авиони „Рафал“.

Серж Дасо, кој пред неколку години го предаде раководството во компанијата, почина попладнево во канцеларијата во Париз.