Новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП) беше претставена изминатиот викенд, во хотелот „Панорамика“ во Скопје.

На свеченоста, претседателот на асоцијацијата Димитар Кавраков и потпретседателот Елвир Садиковиќ, со членовите на Управниот одбор, ја презентираа програмата и целите на асоцијацијата.

Асоцијацијата ќе работи во насока да ја подобри позицијата на водичите во нивната професија, а истовремено и за да се променат некои законски одредби со кои ќе се заштитат интересите на туристичките водичи и придружници, беше истакнато на презентацијата на новата асоцијација.