Финските власти дадоа конечна дозвола за изградба и користење на територијалните води на државата за рускиот гасовод Северен поток 2.

Гасоводот, кој се протега од Русија до Германија, треба да минува низ финската економска зона и Балтичкото Море во должина од околу 375 километри.

Германија веќе ја одобри изградбата на гасоводот, а проектот моментно е во фаза на добивање дозвола од Русија, Шведска и Данска.