Поведена е постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки од страна на Уставниот суд. Ова е прв чекор по кој судиите ќе треба да одлучат дали овој став од членот 163 е уставен.

– Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), при што предлогот за донесување на решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата за која се одлучи да се поведе постапка, не беше усвоен – се наведува во соопштението на судот.

Иницијативата ја поднесоа оштетени штедачи од Еуростандард банка.