Фото: Фејсбук

Тутунарите протестираа пред Владата поради ниските цени за откуп на тутунот и определувањето на класите при откупот.

Тутунарите реагираа на процената на квалитетот на предадениот тутун уште на почетокот на откупот. А протесттот уследи по неколку средби што ги имаа со претставниците на Владата.

На денешниот протест учествуваа и лозарите кои истакнуваат дека се незадоволни поради неостварените ветувања за годинашнава реколта.