Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, а одлуката како што потсетуваат од таму уште не е помината во Собрание.

Тие бараат помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога истата ќе биде потребна, како и финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите.

– И по една година падот на промет во туристичките агенции е 90%, туристичките водичи седат дома, а автобусите на превозниците се паркирани и хотелите празни. Дали ова кажува дека секторот има потреба од помош – потсетуваат од туристичкиот сектор.

Од таму велат дека со затворањето на границите, заострувањето на мерките, немањето вакцини, секторот стравува од неможноста за работа и оваа летна сезона.