До крајот на месецов се очекува да биде распишан тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој додаде дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром.

– Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром – истакна Сугарески.

Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“.