Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје е значаен хируршки центар кој во услови на пандемија и трансформацијата на голем дел од болничките капацитети во COVID центри, уште поинтензивно ја играше својата значајна улога во јавното здравство.
Стопанска банка АД – Скопје надоврзувајќи се на донацијата на ултразвучниот апарат наменет за хируршки постапки од 2019та година, во рамки на своите заложби за заедницата, денеска иницираше постапка за реализација на донација на дополнителна хируршка и лапароскопска опрема за Клиниката со која се подобруваат капацитетите и се овозможува долгорочна поддршка за се поголемиот број пациенти кои секоја година безрезервно ги добиваат услугите од Клиниката.
Банката ја поврзува актуелната Наградна игра со платежните картички со оваа донација, сакајќи притоа преку зголемување на безбедните безготовински плаќања да ја подигне свеста за здравствените предности од користење на платежни картички наместо готовина, а како благодарност за масовното учество на клиентите во наградната игра дополнително и да донира во поддршка на здравството. Со тоа, заедницата добива повеќекратна предност, особено во услови на пандемија, преку индивидуалната и колективната грижа која Банката редовно ја поттикнува.
На настанот за најава на донацијата свои изјави дадоа Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје г. Диомидис Николетопулос и Медицинскиот директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охриски“ Д-р Љубен Арсенков.
Г. Николетопулос: „Клиниката „Св. Наум Охридски“ има посебно место во заедницата и е од големо значење за јавното здравство. Во Стопанска банка поттикнати од залжожбите и вложениот труд, но и од високата професионалност на здравствените работници од Клиниката, во континуитет обезбедуваме помош преку разновидни донации со што ја оправдуваме смислата на нашиот слоган На ваша страна.
Стопанска банка АД – Скопје, како една од најсилните банки во земјата и една од регионалните банки со најдобри перформанси секогаш ќе биде на страната на граѓаните, не само со понудата на врвни финансиски услуги туку и со поддршката за целата заедница преку општествено одговорни практики со широк дијапазон и секако со значаен буџет.“
Д-р Арсенков: “Велат дека во тешки времиња, се познаваат пријателите. Денеска, во посета на нашата клиника ни дојдоа нашите пријатели г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор заедно со неговиот тим од Стопанска банка АД – Скопје и ни соопштија убави вести за донација на инструменти за изведување на лапароскопски процедури за оперативно лекување. Од вкупно извршени 2.500 операции во текот на минатата година, околу 600 од нив се токму, изведени лапараскопски каде се употребуваат овој тип на инструменти. Во име на сите вработени, во име на Економскиот директор г-а Нермин Шакири и во мое лично име сакам да им се заблагодарам за донацијата која е во процес на реализација. Сакам да потенцирам дека оваа донација е на некој начин продолжување на соработката со Стопанска банка, како извонредно општествена одговорна компанија која претходно ни донираше ултразвучен апарат, исто така наменет за потребите во оперативниот дел. Во време на пандемија, кога сите ресурси се насочени кон третман на ковид пациенти, општествено одговорните компаниите како што е Стопанска банка покрај што го поддржуваат системот во борба со пандемијата имаат и висок развиен сенс дека секоја сегмент од медицинскиот систем е важен. Па преку реализација на денешната донација всушност се испраќа порака за општествена одговорност во реално време, во време на пандемија затоа што се олеснува третирањето на пациентите со хируршки заболувања кои имаат потреба од навремен и адекватен третман.”