И покрај дипломатските тензии меѓу Србија и Косово, бизнис врските меѓу двете држави се засилуваат, а компании од двете страни се натпреваруваа да склучат зделки на регионален трговски саем, јавија западните медиуми.

Српски компании „изобилуваа“ на четиридневниот економски саем во главниот град на Косово, Приштина. Од 174 компании кои беа претставени на Меѓународен економски саем, 70 беа српски, јавуваат западните медиуми.

Марко Чадеж од Српската трговска комора изјави дека економската соработка меѓу двете држави е „историски успешна“. Трговијата меѓу Косово и Србија достигна 500 милиони евра во 2017 година.