Белгија го затвори воздушниот простор поради компјутерски проблем, информира белгискиот орган за контрола на воздушниот сообраќај.

Авионите не можат да прелетуваат над Белгија кратко време по 16 часот (14 часот по Гринич).

– Некои авиони остануваат на земја, а други беа принудени да се приземјат, вели Ален Ниебс, портпарол на Белгоконтрол.

Сообраќајот над Белгија ќе биде обновен, кога ќе биде отстранет проблемот поврзан со системот за податоци и читањето на податоците за летот. Повеќе детали не се соопштуваат.