Kомпанијата на Елон Маск, Спејс Икс (Space X) соопшти дека отпушта 10 отсто од вработените односно околу 6.000 луѓе поради потребата да се намали работната сила.

– Тоа беше многу тешка одлука – се вели во е-маил што на вработените им го упати претседателката на компанијата Гвејн Шотвел известувајќи ги за отказите.

Во пораката таа нагласува дека компанијата на отпуштените работници ќе им обезбеди двомесечни плати и други социјални давачки, објави Лос Анџелес Тајмс.

– За да продолжи да задоволува потреби на свои клиенти и успешно да развива вселенски бродови и глобален интернет базиран во вселената, компанијата Спејс Иск мора да го намали бројот на вработени – објаснува Шотвел во писмото до вработените. Весникот додава дека таа компанија и претходно повремено намалувала број на вработени.