Дел од најголемите имиња на инвестициските хеџ-фондови навлегуваат на полето на криптовалутите, објавува „Блумберг“.

Семејната фирма на милијардерот Џорџ Сорос почна со тргување со биткоин, според упатените. Дон Фицпатрик кој е задолжен за инвестицискиот фонд на Сорос, даде дозвола за позиционирање на пазарот со биткоин. Стив Коен од „Поинт 72“ сака да ангажира човек што ќе биде задолжен за трговијата со криптовалути. Одлуката на „Поинт 72“ уследи откако компанијата вредна 22 милијарди долари им соопшти на инвеститорите дека ги разгледува можностите за инвестирање во овој сектор, преку нејзиниот хеџ-фонд или пак преку одделот за приватно инвестирање.

Ваквите потези доаѓаат откако се поголем број на значителни имиња од хеџ-фондовите се вклучија на криптопазарот.

Во меѓувреме, компаниите посветени на криптовалутите истакнуваат дека имаат потешкотии за пронаоѓање на вистинските кандидати за пополнување на стотици позиции. Ваквата ситуација е резултат на зголемениот интерес за криптовалутите кои ги соочија овие компании со некои од најголемите светски финансиски институции, вклучувајќи ги „Голдман Сакс“, Банката на Њујорк Мелон и „ДБС“ кои се впуштија во тргувањето со криптовалути.

Се проценува дека пазарот на криптовалути вреди 1,4 трилиони долари наспроти неговата нестабилност и претрпениот пад во мај.