Собранието, со 82 гласа „за“, ги усвои измените на Законот за исплата на плати со кои септемвриската плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за пет отсто.

На тој начин, здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор ќе добијат зголемена плата за пет отсто.

Зголемувањето на платите на администрацијата е насочено кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, а септемвриската плата, со покачувањето, ќе биде исплатена во законски предвидениот рок, според Владата.