Собранието пред полноќ го донесе буџетот за 2021 година со 62 гласа „за“, откако пратениците од опозицијата ја напуштија салата пред почетокот на гласањето. Дополнителниот предлог содржи 18 амандмани прифатени пред матичната собраниска комисија за финансирање и буџет.

Власта и опозицијата имаа спротивставени ставови за предлог-буџетот во текот на расправата. Власта посочи дека буџетот е фокусиран кон поддршка на здравството и кон економското закрепнување, додека опозицијата го смета за нереален.

Вкупните приходи на буџетот за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, а расходите на 247,5 денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.