Не само што ќе биде погоден бизнис секторот односно претпријатијата во Република Македонија зголемувањето на данокот директно ќе се одрази на платите на вработените оние кои што ќе бидат погодени со оваа мерка од причина што во систем во кој се исплатува бруто плата работодавачите нема да бидат подготвени да ги зголемат платите за сметка на зголемениот данок и тоа значи намалување на платите на вработените.

Ова денеска го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески, реагирајќи на денешната прес конференција на министерот за финансии Драган Тевдовски, кој го промовираше воведувањето на прогресивниот данок.

– Прво, ова ќе значи притисок врз компаниите да ги зголемат цените поради зголемените трошоци за труд со што ќе се зголеми стапката на инфлација. Понатаму зголемениот персонален данок на доход едноставно значи пониски нето плати затоа што значи дека работодавачите нема да го понесат тој дополнителен фискален товар.Зголемените даноци што е многу битно, значат и зголемена даночна евазија, на ова особено истакна бизнис заедницата, пораст на сивата економија. Зголемените даноци значат загуба на работни места заради порастот на трошоците за работна сила.
Зголемените даноци не значат зголемени буџетски приходи – рече Славевски.

Тој уште додаде дека за пензискиот систем се најавуваат козметички промени.

– Ние очекуваме дека нешто радикално ќе се предложи затоа што таму состојбите навистина се алармантни со големиот дефицит во фондот на пензиско осигурување. Се оди со повторно зголемување на стапката на придонесот од 0,4% осигурување што од друга страна ќе значи зголемување на трошоците дополнително за работна сила. И некои козметички промени за кои нема значително да ја подобрат состојбата во пензискиот систем и останува некоја идна влада да бара решенија кои ќе бидат трајни – порача Славески.