Влијанието на коронавирусот врз побарувачката на енергија во 2020 година ќе биде над седум пати поголемо од влијанието на финансиската криза во 2008 година, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Во апсолутни услови, падот е еквивалентен на губење на целата побарувачка на енергија во Индија, трет по големина потрошувач на енергија во светот.
Прогнозите се засноваат на претпоставката дека мерките за сузбивање на пандемијата ќе се намалуваат постепено во повеќето земји во следните месеци, а истовремено ќе бидат придружени со постепено економско закрепнување.

Се очекува речиси секој дел од енергетскиот сектор да биде погоден од пандемијата, се вели во извештајот. Во првиот квартал на 2020 година, побарувачката на енергија падна за 3,8 проценти, бришејќи го целиот раст од 2019 година.
Побарувачката за електрична енергија е предвидено да падне 5 отсто во 2020 година, најголем пад од големата депресија во 1930-тите.

Побарувачката на јагленот се очекува да се намали за 8 проценти оваа година, најмногу по Втората светска војна. Дури и побарувачката на природен гас се очекува да падне 5 отсто во 2020 година по една деценија непрекинат раст.Единствениот извор на енергија што се очекува да расте во 2020 година се обновливите извори на енергија, се вели во извештајот.