Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93% во однос на Одлуката од 7.9.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,5 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1.407 ден/кг и ќе изнесува 24.549 ден/кг.

Од 15.9.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 49 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 24,549 (денари/килограм)