Блок 2 на РЕК „Битола“ е во функција, а на постројата моментно се изведува технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот, соопшти АД ЕСМ.

Во соопштението се наведува оти станува збор за испитување на нова, софистицирана опрема за заштита на генераторот од германскиот производител „Сименс“. Опремата беше инсталирана за зголемување на доверливоста на капацитетот и заштитата.

Се очекува испитувањата да завршат попладнево, по што блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, истакнуваат од АД ЕСМ.

Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, информираат од АД ЕСМ.

Оттаму додаваат дека стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена.