Фото: Игор Бансколиев

Министерството за финансии, заедно со Агенцијата за супервизија на осигурувањето и осигурителната индустрија АСО), сѐ уште прават анализи за корекција на цената на зелениот картон. Ова го соопшти претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, кој не прецизира доколку има корекција, кога ќе стартува.

– Се прават анализи од страна на Министерството за финансии, осигурителната индустрија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето за да видиме дали постојат некои реформски зафати во делот на одредени корекции како зелената карта. Она кон што сакаме да дојдеме како крајна цел е ценовна либерализација на автоодговорноста – изјави Попоски.

Промената на цената на зелениот картон ја најави премиерот Зоран Заев на партиска трибина минатиот месец. Како што рече, се работи на намалување на цената на зелениот картон за осигурување на возилата.

– Сакаме да ја намалиме цената на зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата – рече Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово минатиот месец.

Во земјава сега возачите имаат можност да извадат зелен картон заедно со регистрацијата на возилата, со важност од една година и со едномесечна важност. Цената на едномесечниот зелен картон е 1.800 евра за возила до 66 киловати и 3.700 евра за над 66 киловати. Цената на годишниот зелен картон е 3.690 денари, односно 5.536 денари.