САД веќе се во рецесија и таа ќе трае неколку месеци, според истражувањето на 45 економисти, пренесува Си-ен-ен.

Тие предвидуваат остра рецесија која нема да трае премногу долго, имајќи предвид дека пандемијата на коронавирус сериозно ја ограничува економската активност.

– Пандемијата на коронавирус ќе го претвори годинашниот економски раст во негатива – рече шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, предупредувајќи дека светот се соочува со најтешка економска криза од Големата депресија во 30-те години на минатиот век.

Најпогодени ќе бидат земјите во развој и брзорастечките пазари, додаде таа и рече дека за нив ќе бидат потребни стотици милијарди долари странска помош.

– Пред само три месеци очекувавме раст на приходите по глава на жител во 160 наши земји-членки во 2020 година – рече Георгиева.