Водечката авиокомпанија од Блискиот Исток, „Саудиа Ерлајнс“, објави оглас за регрутирање на кандидати од Македонија. „Саудиа Ерлајнс“, која во 2017 година е избрана за “Најподобрената авиокомпанија”, сега отвора можност за младите и амбициозни луѓе од Македонија да станат дел од нивниот тим.

Исклучителни услови и значителни бенефиции како здравствено осигурување, платен одмор, придобивки за купување билети за разни дестинации, конкурентна плата ослободена од данок и применлив додаток како и целосно наместено и климатизирано сместување што следува за идните вработени!

Сега ја имате вистинската прилика да станете дел од ова семејство!

Погледнете повеќе на следниот линк и доколку ги исполнувате горенаведените критериуми и мислите дека оваа кариера е вистинска за вас пријавете се до 5 Ноември 2018 на [email protected] приложувајќи CV, 2 фотографии (една со големина за пасош и една целосна од кандидатот), скениран пасош или лична карта.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на прелиминарно интервју (прв круг) што ќе се одржи во Скопје, а оние кои ги исполнуваат критериумите во првиот круг ќе бидат поканети на финалното интервју со претставници на „Саудиа Ерлајнс“, кое исто така ќе се одржи во Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават до 5. Ноември на е-маил: [email protected]. „Саудиа Ерлајнс“ се основани во 1945 година и е национална компанија на Кралството Саудиска Арабија, чија флота од 149 авиони лета до повеќе од 80 светски дестинации. Компанијата е составена од меѓународни професионалци и вработува луѓе од повеќе од 50 земји.