Русија и Саудиска Арабија се согласија да ја прошират соработката за нафта и гас, објави руското Министерство за енергетика. 

Ова беше одлучено по состанокот на рускиот министер за енергетика Александар Новак и неговиот саудиски колега Калид ал-Фалих во Москва. 

Двете земји работат на билатерален договор со цел зголемување на продажбата на нафта и гас, делејќи заедничка одговорност за стабилен пазар, јави РТ. 

Во заедничката изјава се вели дека тие се отворени за други земји да се приклучат на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), како и проширување на соработката со партнерите. 

Русија е најголемиот производител на нафта во светот, додека Саудиска Арабија е најголемиот извозник на сурова нафта.