Русија, Индија и Иран во текот на месецот ќе разговараат за воспоставување на Меѓународен транспортен коридор север-југ, објави иранската телевизија Прес.

Новиот пат ќе биде по копно и на море. Производите од Индија ќе се транспортираат во иранскиот град Бендер Абас, на брегот на Персискиот Залив, потоа во Бендер Ензел на брегот на Касписко Море, а по морски пат ќе пристигнат во Астрахан, а потоа со воз во Европа.

Предвидено е коридорот да биде поевтин и да е алтернатива за Суецкиот Канал. Се предвидува времето и цената на превозот да биде намалено од 30 до 40 проценти.

Се предвидува артиклите од Мумбај во Москва преку Коридорот север-југ да пристигнат 20 дена порано отколку да се транспортираат преки Суецкиот Канал.

Планирано е годишно по новиот пат да се превезуваат од 20 до 30 милиони тони стока.