Поради изведување градежни работи, од први октомври, сообраќајот на регионалниот пат од Виница преку село Бигла до Делчево ќе биде во прекин. Причината за ваквата измена на сообраќајниот режим е реконструкцијата на дел од патната мрежа низ селата Драгобраште и Трсино.
 
Додека траат градежните работи, сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива по алтернативни улици и правци, велат од АМСМ.
 
Досега со реконструкција на патниот правец од Делчево преку село Бигла до Виница се асфалтирани околу 2,5 километри од делчевска страна на патот, а во тек се градежните работи за асфалтирање на делот кој потпаѓа под општина Виница.