Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ денеска значително ја намали проценката на годишната добивка, предупредувајќи дека резултатите во наредниот период би можеле да бидат уште полоши ако координираните штрајкови во Европа и натаму влијаат врз сообраќајот и резервациите.

Во „Рајанер“ очекуваат профитот во тековната фискална година, кога ќе се исклучат првичните загуби, да биде помеѓу 1,1 и 1,2 милијарди евра. Досега очекуваа приход од 1,25 до 1,35 милијарди евра.

Од компанијата наведуваат дека и цените на билетите во вториот фискален квартал се намалиле за околу три проценти до крајот на септември.