Просечната нето плата за ноември минатата година во Србија изнесувала 50.556 динари или според денешниот курс на Народната банка на Србија – 426,7 евра.

Таа е номинално за седум проценти, а реално за пет проценти, поголема во однос на истиот месец претходната година, соопшти Заводот за статистика на Република Србија.

Најчесто исплатената медијална нето плата за ноември изнесувала 39.654 динари или 334,7 евра, што значи дека 50 отсто од вработените во Србија заработиле приход до наведениот износ.