НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и за НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица, која ќе трае од 9 месецов, до 9 следниот месец.

Во рамките на промотивната понуда, сите кои ќе станат корисници на НЛБ Проклик електронското банкарство или НЛБ мПроклик мобилното банкарство во промотивниот период ќе можат да ги искористат следниве поволности: Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на октомври; Бесплатна Мастеркард бизнис-картичка за првата година на користење.

– Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство имате постојан увид на состојбата и прометот на вашите сметки и можете самостојно да ги извршувате банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик ви овозможуваат да ја зголемите ефикасноста на работењето на вашата компанија и рационално да го трошите вашето време и средства – велат од НЛБ Банка.