Владата на вчерашната седница прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, која ќе трае 30 дена, по барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.
Министерот за економија Крешник Бектеши нагласи дека кризната состојба е со цел да се инјектираат средства во енергетските компании и да се зголеми нивната ликвидност, додавајќи дека нема да има никакви рестриктивни мерки за граѓаните.
– Кон енергетските компании од буџетот ќе бидат трансферирани околу 4 милијарди евра (околу 65 милиони евра), сѐ со цел да може да се надминат сите ризици што претстојат во енергетскиот сектор и за редовно снабдување со струја – спомена Бектеши.