Комплетно новиот „Сандеро степвеј“ е веќе изложен во официјалниот салон
на брендот „Дачија“.

Кога станува збор за промовирање на „паметно инвестирање“ и разумна форма на потрошувачка брендот „Дачија“ e предводник и усогласена со реалните очекувања на своите клиенти. Нуди едноставни, пространи, безбедни и робусни возила по најдобра цена на пазарот.

Брендот ја обнови својата понуда со нов градски автомобил кој го олицетворува ДНК-то на „Дачија“, а тоа е комплетно новиот „Дачија Сандеро степвеј“ – авантуристичката верзија на „Сандеро“ која претставува 65 отсто од целата продажба на моделот со продадени повеќе од 1,3 милиони автомобили во Европа.

Повеќе нагласен дизајн за авантуристички изглед

Подигнато растојание од земјата, „Сандеро степвеј“ е разноврсен авантурист во семејството на „Дачија“. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација го издвојува од потполно новиот „Сандеро“ и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК-та на новиот „Сандеро степвеј“.

„Мускулно” развиен надворешен дизајн

Потполно новиот „Сандеро степвеј“ е веднаш препознатлив по предниот дел, уникатниот преден дел, хромираното лого на „Степвеј“ под предната решетка и заоблените браници над светлата за магла. Предните и задните браници вклучуваат метална лизгачка плоча во боја на каросеријата, дизајнирана да ја заштитува оригиналната боја од секојдневните гребнатини.

Карактеристики на моќен кросовер

Потполно новиот „Сандеро степвеј“ се карактеризира со основни дизајнерски елементи на кросоверите – подигнато растојание од земја од 174  милиметри (пораст од 41 мм во споредба со „Сандеро“, пред се од поголем дијаметар на пневматиците), држачи на покривот со испис на логото, специјално текстурирано и армирано дно на вратите.

Флекс фелни

Стандардните верзии се опремени со 16-инчни флекс фелни чии што прецизно дизајнирани облоги ги реплицираат оние на „вистинските“ алуминиумски тркала, како опција се достапни и ексклузивните фелни со дијамантски пресек од 16-инчи на верзијата „Степвеј“, со цел да го подобри изгледот на кросоверот.

Mодуларни покривни држачи

Покривните држачи на „Сандеро степвеј“ се доста визуелно привлечни, но исто така се и прилагодливи. Со користење на клуч кој е сместен во совозачката фиока, тие можат лесно да се расклопат за само неколку секунди и да се претворат во држач за покривот со носивост од 80 килограми, што е исто како и стандардните покривни држачи. Овој софистициран и патентиран систем е пример за сè што „Дачија“ застапува: паметни, практични, едноставни и безбедни системи.

Уникатен внатрешен дизајн

Навлаката во ентериерот е со логото „Степвеј“, додека панелите на вратите како и
инструменталната таблата има портокалови шевови и вметнати украсни детали.

Mултимедиjални системи: Tри системи кои одговараат на сите потреби

Новиот „Сандеро степвеј“ нуди три различни мултимедијални системи: „Медија контрол“, „Медија дисплеј“ и „Медија нав“.

Со „Медија контрол“, паметниот телефон може да се постави на паметната поддршка пред возачот, далечинскиот мултимедијален систем се поврзува преку новата бесплатна
апликација Дачија медија контрол и Блутут или УСБ-конекција. Системот овозможува лесен пристап до: радио, музика, повици, пораки, сателитски апликации и многу други одлики како што се препознавање на глас на Сири и Андроид. Контролите се на дофат на рака на управувачот (за радиото) или зад него (сат нав) за да се обезбеди побезбедно возење.

Без паметен телефон кој би бил поврзан на „Медија контрол“, достапни се радио и репродукција на датотеки преку УСБ-порт.

Опремата вклучува: два звучници, блутут и УСБ-конекција и 3,5-инчен ТФТ дигитален дисплеј помеѓу командите, каде што се прикажуваат и поставките за радио.

„Медија дисплеј“ конзолата се одликува со голем 8-инчен екран на допир позициониран на горниот дел. Во патничкиот простор има четири звучници. Екранот е малку навален кон возачот со цел поголема видливост и ергономија. Дизајнот е елегантен, а интуитивниот лесен за употреба, компатибилен со Блутут и системите Андроид ауто и Епл карплеј за паметни телефони.

„Медија нав“, мултимедијалниот систем сега располага со навигација и безжична конекција за Епл карплеј и Андроид ауто. Звучниот систем не е без помалку од шест звучници.