Во очекување на новата година, Пежо има предновогодишни понуди за сите клиенти.

За нови почетоци, нови емоции и нови авантури…добредојдени се во салоните на Еуроимпекс сите љубители на Брендот.

Клиентите можат да изберат помеѓу Пежо 208, 308, 301, 2008 како и Пежо Партнер Тепе по неодоливи цени!

Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салони на Еуроимпекс Генералиот увозник на Пежо или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите – моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите на Пежо.

За време на оваа предновогодишна понуда на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење на Пежо моделите, кое можат уште веднаш да го закажат на веб страницата на Пежо или на следниов линк.

Еуроимпекс, Генерален увозник на Пежо за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани, бидејќи при оваа понуда, количините се ограничени.