Фото: Игор Бансколиев

Законот за работни однос со кој недела ќе биде неработен ден доби зелено светло од мнозинството членови на собраниската Комисија за труд и социјална политика, со што ќе оди на второ читање.

Исклучок претставуваат 42 дејности во кои работниот процес не може да биде прекинат, па в недела ќе работат големите трговски центри, дел од прехранбената индустрија, угостителските објекти, рудниците, медиумите, здравствени институции, противпожарната служба, уметничките дејности и други.

Предидено е работниците кои ќе работат в недела да добијат дневница од најмалку 50 проценти повисока од редовната дневница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.