Фото: Маја Јаневска-Илиева

Откупот на праска во Росоман се одвива непречено, по цена од 15 до 20 денари во ѕависност од квалитетот, а првите камиони со македонска праска веќе стигнале во Русија, информираат претставниците од МЗШВ кои беа на контролниот пункт.

– Сите почетни проблеми кои ги имавме ги надминуваме за откупувачите непречено да пласираат стока на странскиот пазар. Можеме да кажеме дека 60 отсто од македонската праска оди на рускиот пазар, каде што првите камиони стигнаа без никакви проблеми. ДИЗ е отворен за соработка. Постојано имаме инспектори на терен. Робата не смее да чека – вели Трајан Димкоски од МЗШВ.

Македонската праска со болеста монилинија и извозот во Русија е надминат, тврдат од МЗШВ, кое во изминатиот минатиот период спроведуваше едукација за справување со болеста монилинија, за која интересот беше мал.

На социјалните мрежи имаше бројни реакции околу откупот на праска, со жалби за ниската откупна цена, односно за неоткупот на родот поради оштетување од град.