Кристина Велјановска – Костовска од Битола е првата добитничка на автомобил БМВ ИКС 1 од инстант-лозот Мини и Макси.

На плоштадот Македонија во Скопје, пред продажно место на Државна лотарија – Среќната куќичка во WИНТЕРЛАНД, Кристина заедно со своето семејство ги доби клучевите од прекрасниот автомобил.

Среќната приказна на Кристина е поврзана со прославата на годишнината од бракот, па така нејзиниот сопруг и подарил два инстант-лоза Мини и Макси, од кој едниот имал добивка замена на лозот, а другиот лоз и го донел посакуваниот автомобил.

Инстант лозовите се купени од среќното продажно место „Вагабонт“ во Битола каде ова семејство постојано купува по неколку инстант лозови.

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија во кој се кријат 15 автомобили од кои 10 „БМВ ИКС 1“ и 5 „МИНИ УАН“.