Министерството за информатичко општество и администрација и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) се обврзуваат да ги продлабочат соработката и заедничкото поврзување со цел подобра имплементација на заедничките активности.

Овој меморандум има цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу страните со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката на ИКТ на секоја од страните во насока на:

– подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ-секторот и ИКТ-кадрите;
– забрзување на развојот на ИКТ-секторот, развој на ИКТ-дејноста, усвојување и воведување современи технологии и методи на работење од/во ИКТ-индустријата и во работењето воопшто;
– подигнување на нивото на дигиталната писменост кај граѓаните преку организирање обуки;
– истражувањe за развој на техничко-технолошките достигнувања;
– организирање обуки за стручно усовршување ИТ-кадри;
– учество на ИКТ-индустријата во подготовката на законите и другите прописи во надлежност на првата страна;
– давање експертски мислења од ИКТ-областа, со акцент на дигиталната трансформација на комуникациите;
– унпаредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации;
– унапредување на развојот и поттикнување инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување нови технологии и услуги, а особено со воведување на следните генерации на јавни електронски комуникациски мрежи;
– подобрување и олеснување на процесот на јавни набавки во ИКТ;
– донесување и имплементација на стандарди во областа на ИКТ и заштитата на мрежи и информациски системи.